Денес, покрај претставувањето на iPhone 5s и оперативниот систем iOS7, Епл (Apple) официјално го претстави и долгоочекуваниот колоритен убавец – iPhone 5c. iPhone 5c има 4-инчен дисплеј, моќна батерија која ветува повеќе часови работа, брз A6 чип и 8 мегапиксели камера. Негови адути се поприфатливата цена и интересната колоритна маска. Доаѓа во пет варијанти, и тоа: зелена, жолта, бела, сина и розова.
„Всушност, iPhone 5c е подобрена варијанта на iPhone 5. Станува збор за моќен уред спакуван во колоритна поликарбонатна маска.“ – изјави Филип Шилер, маркетинг-менаџер на Епл.
Новиот колоритен телефон има прифатливи цени. Верзијата од 16 гигабајти ќе се продава по цена од 549 американски долари, а пак од 32 гигабајти за 649 долари. Со склучување на двегодишен договор цената е значително помала, 99 односно 199 американски долари.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!