Дизајнерот и архитект Асиф Кан импресионира со својот изум кој го постави на влезот на Олимпискиот парк во Сочи. Се работи за огромна светлечка платформа која проектира тридемензионални портрети на посетителите. Посетителите треба да се сликаат во кабините пиставени во контролната кула на Олимпискиот парк и да почекаат нивниот лик да се појави на гигантската платформа со илјадници светилки. Во еден момент се прикажуваат по 3 портрети, а секој од нив е висок 8 метри. Ова е вистинска атракција во Сочи.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!