Top
Живеење на работ

Живеење на работ

Човекот седнат на работ од карпата се вика Алекс Хонолд. Тој е прогласен за најдобар слободен солист (т.н. соло искачување без јаже и без никакви други помагала) во светот. Фотографијата погоре го прикажува Алекс на половина пат кон Халф Доум – гранитна карпа која буди неверојатен предизвик за екстремните спортисти и се наоѓа во Националниот Парк Есемити на 1.444 метри надморска височина.

Ние, обичните смртници, не би поверувале во ова или би помислиле дека е нешто апсолутно лудо и неверојатно. Како може некој без јаже да се искачи на такви тешки и опасни површини?
Доколку сеуште сте заинтригирани, ви го препорачуваме следното видео.

Автор: Фросина Ниновска




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *