Top
vezbanje1

Со малку труд до фит линија

За да ги направите овие вежби, немојте да смислувате изговори, бидејќи за нив се потребни само неколку минути. Со овие три вежби се активираат сите главни мускули.

Вежба број 1
Застанете со нозете раширени малку повеќе од рамената. Спуштете се во чучната положба со дланките испружени пред стапалата. Скокнете или придвижете се наназад додека нозете потполно не ги исправите. Стегнете ги стомачните мускули и задржете ја оваа поза околу 8 секунди. Потоа направете два склека и постепено вратете се во чучната положба. Оваа вежба повторете ја уште 4 пати.

Вежба број 2
Легнете на стомак, испружете ги нозете и рацете. Во исто време подигнете ги и рацете и нозете и задржете се во таква положба 15-тина секунди.

Вежба број 3
Легнете на грб, рацете поставете ги зад главата, дланките наместете ги на горниот дел од вратот. Нозете подигнете ги и колениците свиткајте ги под лак од 90 сетепени. Главата и рамената малку подигнете ги од подот. Ротирајте го торзото на тој начин што левото рамо ќе го вртите кон десното колено, а во исто време испружете ја левата нога. Истото повторете го и со другата страна, по 10 пати од страна.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *