Top

Барса е на колена

Да се разбереме, не завземам страни и немам намера да ја разжештувам и онака жешката атмосфера! Не навивам за никој од наведениве два тима, но некои работи одамна требаа да бидат кажани. Барселона игра фудбал од соништата. Прекрасно, уметничко, пимплање и криење на топката. Но понекогаш и таа тактика е досадна за луѓето кои сакаат повеќе страст во спортот. Уште повеќе кога е зачинета и со одредена доза на глума и безпотребни реакции кон судиите.

Секоја чест за навивачите на Барселона. Но, многу е лесно да навиваш за таков победнички тим. А да се биде навивач на Барселона, значи во одредени ситуации да не се знае како да се прифати пораз. Аналогно на тоа ќе кажам дека Барселона не знае да губи (иако изгубените натпревари и се реткост), тоа секогаш го прави на еден мизерен начин. Посебно кога тоа се случува во Ил Класико. А познато е дека големите се најголеми токму во поразите. Што не е случај и со Барселона.

После цело омаловажување кое го доживеаа навивачите и играчите на Реал во секое досегашно Ил Класико, ова беше една слатка одмазда. Слатка одмазда која се случи со победа среде Ноу Камп, на само 4-ри кола пред крајот на првенството, во решавачки натпревар на кој омразениот Кристијано Роналдо даде гол. Сочувствувам со Барселона која ја изгуби титулата токму во овој натпревар. Единствено ми е жал што не успеав да видам дали на крајот ги пуштија прскалките за да го спречат славењето на играчите, исто како на трилер натпреварот со Интер од Лигата на шампионите пред две години.

Вчера семоќниот Меси не постоеше, во вториот последователен натпревар каде Барселона изгуби. Барселона без добар Меси за мене е како ајвар без добро сирење. Дојдоа добри времиња на сите нејзини огорчени хејтери. И оној кој на крај вреди да го спомнам е „специјалниот“. Навивачите на Барса го мразат Жозе Мурињо од дното на душата. Имаат и зошто! Буквално им го зема здивот во два важни натпревари, со два различни тима. Специјалниот остана специјален, а неговата себичност му ги донесе и неговите најголеми успеси. Им честитам на навивачите на Реал и за крај ќе додадам дека ништо не може да ја спречи еуфоријата која ја предизвикува единствено фудбалот. Радувајте се, заслуживте!


Автор: Наташа Петровиќ

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>