Top
tetoviranje-igli-iLike-mk

Зошто тетовирањето толку многу боли?

Едно видео објавено на јутјуб прикажува детално што точно иглите за тетовирање ѝ правата на кожата, а ја открива и науката позади машините кои ги користат за да го отсликаат нашето тело.

Француските дерматолози објаснуваат дека тетоважите, било привремени или трајни, не се безопасни.
Францускиот синдикат на дерматолози-венеролози истакнува дека мастилата за трајна тетоважа се составени од токсични метали како алуминиум, кобалт, хром, бакар, железо, жива или никел, кои можат да имаат канцерогено својство кога ќе се најдат на кожата. Дерматолозите потсетуваат и дека пигментите во мастилата можат да предизвикаат разни кожни заболувања. Тетоважите со к’на, исто така можат да бидат опасни ако оваа природна супстанца се помеша со некој од токсичните производи за да се направи привремена тетоважа.

Дерматолозите нагласуваат дека посебно претпазливи треба да бидат лицата кои имаат младежи или дамки по кожата, како и оние кои веќе имаат некое кожно заболување.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *