Осумнаесет годишната Шеау Гловер од Чикаго со овој експеримент сакала да открие како реагираат луѓето кога ќе добијат комплимент за својот изглед. За да добие одговор на ова прашање, таа го наместила фотоапаратот и пред него повикала да застанат неколку лица на кои има кажала дека ќе го фотографира она што смета дека е убаво. Започнало како независен проект, за потоа да прерасне во социјален експеримент на тема убавина. Нејзината намера не била да добие реакција од луѓето, туку едноставно да ја сними нивната убавина.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!