Top

Експеримент во Градски парк: „Јас сум ХИВ позитивен!“

Здружението за поддршка на лица со ХИВ, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, одлучи да истражи колку од овој страв е основан. Не преку формално истражување, туку преку метода која би била видлива за целата јавност – социјален експеримент.

Ги ставивме луѓето во Градски Парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен!“.

Уште повеќе, вклучивме и учесничка која глуми дека е дел од редицата која чека кафе и потенцира дека лице со ХИВ служи пијалаци.

Прашањето кое сакавме да го одговориме: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација?

На наше големо задоволство, учесниците во целост го поддржаа нашиот шанкер и го одбранија од нападите упатени од глумицата, потенцирајќи дека ХИВ не се пренесува така и апелирајќи против предрасуди.

Сите учесници во експериментот се случајни минувачи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>