Top

Херојот од Србија кој згрижил 450 напуштени кучиња

Неврботениот Србин Саша Пешиќ во шума во близина на неговата куќа во Ниш, пронашол четири напуштени кучиња и им го спасил животот. Но, овој благороден потег не го променил само животот на кучињата, туку и на Пешиќ, кој одлучил да отвори азил за напуштени кучиња каде денес се згрижени повеќе од 450 животни.

Азилот се наоѓа недалеку од центарот на Ниш, во поранешен коњички клуб, кој Пешиќ во 2010 година бесплатно го добил од сопственикот. Сите „станари“ на азилот се вакцинирани, стерилизирани и со вграден микрочип, а благодарејќи на големината на земјиштето кучињата се во кафези само во текот на ноќта.

Сепак, градските власти неодамна заклучиле дека земјата им припаѓа ним и на Пешиќ и на неговите куќиња им е наредено да си заминат. Се разбира, одлуката предизвика протести на групите за заштита на животните, а беше иницирана и петицијата која собра десетици илјади потписи. Градот на крајот попушти и побара друго решение со цел кучињата да не завршат на улица.

Но, тоа не е крајот на пробелмите на Пешиќ и шестте волонтери кои работат во азилот, бидејќи месечно им се потребни пет до шест илјади евра само за храна на кучињата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>