Top

Слаткаристика со видео клип за “Тунајт”

По првиот видео запис за песната “Олабави ме!” кој го најави долгоочекуваниот, втор, соло албум “Новиот албум”, СЛАТКАРИСТИКА во неделата сними уште еден видео клип за песната “ТУНАЈТ” кој ќе биде промовиран на официјалната промоција на албумот, во четврток (7-ми jуни), во Клуб ресторан МКЦ. Овој летен хит визуелно го долови Огнен Шапковски и истиот ќе биде пуштен во петок преку официјалната веб страна slatkaristika.mk. Песната “Тунајт” е дел од 18-те песни од “Новиот албум” издаден од тимот на Иноватива и Јованов рекордс.



Спотот за “Тунајт” се снимаше во ноќен клуб, на Теферич, а приказната ја играа разилчни карактери меѓу кои се појавуваат многу познати фаци, како и Васко и Бранко од К-15, преку ликовите на Џандарот и Џани. Видео приказната е составен дел од инспирацијата на Слаткаристика раскажувајќи за сите дешаванки кои се случуваат за време вечерните журки, како и афтер последиците следното утро, а за истата да биде успешно доловена допринесоа и околу 200 статисти, џабестери кои неуморно и одлично се снајдоа во целодневното снимање на видеото.

Сè се дешава Тунајт, сите сме дојдени јако да главиме тунајт, да се отвориме јако и да правиме, тунајт…” – е дел од текстот на композицијата “Тунајт”.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>