Кијану Ривс е познат по бројни улоги во холивудските филмови, а последните неколку месеци е активен на социјалните мрежи каде споделува сопствени ставови и мудри мисли, со кои предизвикува восхит кај своите обожаватели ширум светот.
Овојпат тој им се посвети на бројните парадокси коишто владеат во денешното општество, со следните зборови:
Не можам да бидам дел од светот каде мажите ги облекуваат своите сопруги како проститутки, покажувајќи го сето она што би требало да биде драгоцено. Каде не постои чест и достоинство, каде единствено може да се потпрете на едно „ветувам“. Каде жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде будалите веруваат дека се успешни додека се кријат зад тркалата на автомобилите на своите татковци, а татковците кои имаат малку моќ се обидуваат да ве убедат дека сте никој и ништо. Каде луѓето лажно се декларираат дека веруваат во Бог со чаша алкохол во својата рака и без било какви информации за својата религија. Каде љубомората се смета за срамна, а скромноста е маана. Во свет во кој луѓето забораваат на љубовта, па едноставно бараат најдобар партнер.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!