Латино заводникот Рики Мартин го има најубавиот новогодишен подарок. 47-годишниот пејач и неговиот сопруг Џуан Јосеф добија ќеркичка.
Тие, радосната вест несебично ја споделија на социјалната мрежа Инстаграм:
Пресреќни сме што објавуваме дека станавме родители на прекрасно и здраво девојче, Луција Мартин-Јосеф. Ова е специјален момент за нас и едвај чекаме да видиме каде ќе нè одведе ова ѕвездено бебенце. Двајцата нејзини прекрасни браќа и јас и Џуан се заљубивме во Луција.
Рики и Џуан се верија во ноември 2016 година, а стапија во брак пред една година.
Инаку, Рики има и 10-годишни близначиња.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!