Top
elena-luka-vo-britanskiot-vog-362568

Елена Лука во британскиот Вог!

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, британскиот Вог!

Во рубриката во која магазинот ја запознава својата милионска публика со профили на дизајнери вредни за светско внимание, со право се најде и профилот на нашиот луксузен моден бренд Елена Лука.

Откако ја презентираше својата колекција посветена на Њујорк и истата се промовираше токму во центарот на светските случувања, во елитната населба Сохо на Менхетен во концептуалната продавница „Dreems”, Елена Лука сè повеќе го привлекува вниманието и на светските медиуми.

Горди на својот успех во светски рамки, Елена Лука во друштво на уште неколку интернационално познати дизајнерски брендови, се најде на страниците на електронското и печатеното издание на модната библија.

elena-luka-vo-britanskiot-vog-362569

Со ова исклучително значајно медиумско проследување, не само за Елена Лука туку и за комплетната домашна модна сцена, се потврдува влијанието на концептот „World of Elena Luka”, како проект на нашиот бренд чија што дестинација се главните светски модни метрополи.

Името на Елена Лука сè повпечатливо на светската модна мапа!

elena-luka-vo-britanskiot-vog-362570




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>