Атрактивниот Дејвид Ганди од Англија се вбројува во листата на најбарани и најплатени модели на денешницата. Кариерата ја започнал во 2007 година како заштитно лице на Dolce & Gabbana. Тој има совршени црти на лицето, сини очи, густа темна коса и атлетско градено тело. 32-годишниот манекен е поприлично активен на социјалните мрежи, но јавноста сосема малку знае за неговиот приватен живот. И покрај тоа што изгледа одлично, Дејвид вели дека има големи проблеми со самодовербата и јавно изјавува дека не преферира да се дружи со познатите личности.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!