Top

СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН: “Лицето го негувам со мед”

Откако направи мал скандал и одби да се шминка додека го снимаше својот најнов филм “We Bought a Zoo” со оправдување дека на тој начин подобро би ја донела улогата, Скарлет Јохансон изјавува дека никаде не оди без црвен кармин или во најмала рака, сјај за усни.



Дури и кога нема јавен настап или било каков сценски ангажман таа е нашминкана и добро облечена бидејќи никогаш не знаела кој може да ја сретне.

Преферирам да имам барем малку шминка. Не сум девојка која би можела да излезе од својот стан по тренерки. Сакам да бидам средена и дотерана. Всушност, никогаш не знаете кој може да ве сретне додека шетате или одите на вечера. Периодов, нешто без кое не можам да се замислам е црвениот кармин. Секогаш имам најмалку еден во мојата чанта. Мислам дека црвениот кармин е магија.” – изјавила Скарлет.

Освен што ја обожава својата природна нијанса на коса и не сака никакви хемиски третирања, дивата открива со што го негува своето лице.

Можеби и нема да ми верувате. За нега на кожата на лицето користам мед. После топлата бања, кога кожата е мека и порите отворени од пареата, нанесувам тенок слој на мед на моето лице и го оставам да стои 15 минути. А, потоа го отстранувам со млака вода. После третманот кожата е мека и сјајна.” – додала прекрасната Скарлет.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>