Top
Бруно Марс

Бруно Марс ќе настапува на полувремето од „Супер Боул 2014“

Според пишувањата на Washington Post и најавите на телевизиската куќа CNN, Бруно Марс (Bruno Mars) ќе биде пејачот кој ќе има свој настап на полувремето од престижната спортска манифестација „Пепси Супер Боул 2014“ (Pepsi Super Bowl).

Настанот е закажан за 2-ри февруари 2014 година, а истиот секоја година го гледаат повеќе од 100 милиони луѓе.

Кратка биографија
Бруно Марс (или Питер Џин Хернандез, англиски Peter Gene Hernandez) е американски пејач, текстописец и продуцент. Роден е на 8 октомври 1985 година во Ваикики, а израснат во Хонолулу, Хаваи. Потекнува од музичко семејство, а со музика се занимава од најрана возраст. По настапите на неколку музички настани во неговиот роден град, одлучил да се посвети на музичката кариера и се преселил во Лос Анџелес. Почнал да продуцира песни за други пејачи придружувајќи му се на продукцискиот тим „The Smeezingtons“.

Во 2010, со синглот „Billionaire“ станува светски познат. Неговиот деби албум „Doo-Wops & Hooligans“ објавен во октомври 2010 година стигна на трето место по продажба на амерканската Billboard листа.

Во 2011 се закитил со седум номинации за Греми награди, а освоил една за најдобра машка поп изведба за хитот „Just the Way You Arе“.

Неговиот втор студиски проект насловен како „Unorthodox Jukebox“ го објавил на 6 декември 2012 година.

До денес, како соло артист успеал да продаде повеќе од 100 милиони албуми и синглови.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>