Според магазинот “The Sunday Times”, светската музичка легенда со моќен глас Адел Лори Блу Адкинс е најбогатата пејачка во Велика Британија. Само минатата календарска година Адел заработила приближно 50 милиони евра. Раскошниот глас и талентот Адел ја сместија меѓу најценетите и најплатените светски пејачи на денешнината. Благодарејќи и на светската турнеја богатството на 29-годишната пејачка порасна од 85 на 125 милиони фунти.
Со богатство од 125 милиони фунти Адел е на 19 место на листата на најбогати музичари во Британија според магазинот, а воедно таа е и единствената жена на оваа листа.
Инаку, најбогат музичар во Британија е Пол Макартни со неверојатни 900 милиони фунти на сметка, пред Ендру Лојд Вебер со 870 милиони и групата У2 со нешто повеќе од 680 милиони фунти.
Во продолжение се потсетуваме на еден од нејзините најголеми хитови.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!