Top
Beyonce-citati-iLike-mk

10 моќни феминистички цитати од најплатената жена во музичката индустрија за 2014 година

Прочитајте 10 моќни цитати од жената која според „Форбс“ е најплатена во музичката индустрија за оваа календарска година.

Бијонсе оваа година успеала својата сметка да ја зголеми за цели 115 милиони американски долари.

Еве ги нејзините цитати полни со самодоверба:

Сопствената вредност ја утврдуваме самите! Не чекајте потврда од другите за тоа колку вредите.

Самодовербата е најатрактивната работа која една жена може да ја носи на себе.

Ако сè беше совршено, никогаш немаше да посегнеш да научиш нешто ново, а со тоа и да напредуваш.

Моќта не ти е дадена. Мора сам да ја најдеш и да ја зграпчиш.

Кога не се чувствувам добро се прашувам: „Што ќе преземеш околу тоа?“.
Ја користам негативната енергија за да се трансформирам во нешто многу подобро.

Ако направи сè што е во твоја можност и сеуште не ти се случило она што го сакаш, излези и почувствувај ја забавата. Облечи го најсексипилниот фустан кој го имаш и продолжи понатаму.

Треба да го промениме начинот на кој се перцепираме себеси. Треба да направиме чекор напред и како жени да го преземеме водството.

Мојата најголема лекција во животот е да не се фокусирам на естетиката. Всушност, суштината се состои во тоа кој си. Човечноста те прави прекрасно битие!

Не морам да докажам ништо на никого. Треба само да го следам моето срце и да се сконцентрирам на она што сакам да му го пренесам на светот. Јас го водам мојот свет!

Прави го она за што си роден. И верувај во себе!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>