Top

“ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА” по 5-ти пат

Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар со големо задоволство го најавуваат петтиот по ред голем мултимедијален спектакл “ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА“.



На 20-ти јуни 2012 година, Градскиот парк во Скопје ќе одекнува со звуците на Македонската филхармонија која оваа година под диригентската палка на гостинот од Велика Британија – Тимоти Редмонд, ќе изведе незаборавни рок хитови во симфониски аранжмани.
Ќе прозвучат музички нумери кои ги одбележаа 80-те и 90-те години на групите Ролинг Стонс, Полис, Лед Цепелин, Квин, како и на Тина Тарнер, Ерик Клептон, Мајкл Џексон и др.
Македонската филхармонија на присутните ќе им приреди фантастично и ретко доживување под мотото “Rock Symphony”, додека големите сликарски платна со нивни уникатни креации ќе ги исполнат ликовните уметници Горјан Георгиев и Невзат Бејтули-Кица.

Сегментот “Добиј книга” оваа година ќе го одбележи делото на Максанс Фермин со наслов “Снег” од кое на присутната публика ќе и бидат поделени 20.000 подарок книги.

Концертот е со почеток во 21:00 часот.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *