Top

Ирена Ристиќ со “Верност” премиерно во Дамар

На 22-ри мај со почеток од 22 часот во кафе-барот Дамар, во Старата скопска чаршија, актерката Ирена Ристиќ перформативно ќе го изведе “Верност“, текст на Сашо Димоски, во режија на Драгана Стојчевска, во рамки на циклусот драмски читања, дел од проектот “Секаде театар” на независниот театар Театра.



“Верност” е за личниот однос кон љубовта, болката и недостигањето. За единственоста која човек може да ја носи и да ја буди. “Верност” е за заразвуањето со љубов. За живеењето љубов наспроти живеењето живот.

Тоа е моја приказна, исто колку што е сечија приказна. Сите исто љубиме, само што тоа го пишуваме со различен ракопис. Сите имаме иста болка, само што различно ни се грчи лицето во плачот. Сите исто чекаме. Во чекањето – секоја љубов трае исто. Доживотно. Речиси до засекогаш.” – вели авторот Сашо Димоски.

Овој настан е дел од проектот “Секаде театар” на независниот театар Театра кој се одржува секоја среда во 22 часот во кафе-барот Дамар и е посветен на промоција на млади автори преку драмски читања на нивните текстови.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>