Top

Утревечер во Универзална Сала: ТОНИ ЗЕН и МАРАКУЈА во ИНТИМНИ ОДНОСИ

Македонскиот хип – хоп изведувач ТОНИ ЗЕН заедно со своите пријатели, познатата белградска група МАРАКУЈА, ги завршија и последните проби пред својот прв заеднички концерт “ТОНИ ЗЕН и МАРАКУЈА во ИНТИМНИ ОДНОСИ” кој ќе се одржи утревечер во Универзалната Сала со почеток во 21 часот.

Сè е подготвено за еден убав интимен концерт. Пробите поминаа одлично, песните добија нова боја со поинаков аранжман и сите сме во очекување на овој настан. Заедно со Маракуја, кои се извонредни музичари, на публиката во Универзална Сала во четврток ќе и подариме еден фанки, соул и чил – аут концерт во кој сум сигурен дека сите ќе уживаат.” – ни изјави Тони Зен.

Останаа уште само стотина влезници за концертот, кој е во организација на Симплисити Продукција, а истите може да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase.com по цена од 400, односно 600 денари за ложа.

Слаткаристика, Струка, Лу Бени и Тамара Тодевска, се гостите кои со своите песни изведени исто така во поинаков аранжман ќе ги надополнат интимните односи на Тони и Маракуја.
Целиот концерт кој во четврток ќе биде снимен со висококвалитетна HD опрема ќе се емитува за неколку недели на регионалниот музички канал MTV. Специјални визуелни ефекти, звук и светла за концертот доведени до перфекција, е само дел од тоа што MTV ќе го има во својата архива на настани за паметење.


iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *