Top

Денес е Светски ден на насмевките

Насмевката е најубавиот бесплатен подарок. Насмевката е единствената крива линија која може да исправи многу нешта. Насмевката не познава возраст, пол, граници, националности. Сите се смееме на ист јазик! И не дозволувајте другите да ја променат Вашата насмевка… Направете Вашата насмевка да ги промени другите!



Харви Бол, уметник од Вустер, Масачусетс го создал лицето смајли во 1963-та година. Таа слика станала најпрепознатлив симбол на добрата волја и доброто расположение.

Како што поминувале годините Харви станал загрижен за сè поголемата комерцијализација на неговиот симбол и како неговото оригинално значење и цел почнале да се губат со постојаното повторување на пазарот. Така дошло до идејата за одбележување на Светкиот ден на Насмевките. Тој сметал дека треба да посветиме барем еден ден од годината на насмевките и добрите дела.

Смајлито не познава политика, ни географија, ниту пак религија. Неговата идеја била дека барем еден ден во годината не би требало ни ние.
За Светски ден го прогласил секој прв петок во месец Октомври. Од 1999 година овој ден се прославува насекаде низ светот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *