Top

Летна распродажба на македонската мода во Битола

Налик на патувачка подвижна продавница, од 9-ти до 11-ти август, новата дизајнерска продавница ќе никне во барот Камарите во Битола. Над 120 модни парчиња по достапни цени ќе бидат понудени на продажба по примерот на веќе успешно завршените настани во Старата Скопска Чаршија.



Во организација на Лудус и Капка, ќе може да се најдат внимателно селектирани производи од модните етикети Ludus Loves Fashion, Chic Undercowear, Vibrazioni, Дума, Елена Спасовска, како и накит од Јана Ацевска (Капка) и Дафина Џепароска.

Ве покануваме повторно во нов амбиент да пронајдете по некое парче што ќе одговара за Вашите одмори, авангарден македонски дизајн соодветен за овие жешки летни прилики.

Веќе од следниот четврток (16-ти) распродажбата ќе се пресели во Лапидариумот во Охрид.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *