Top

СТАРА БАЊА ПИКНИК РОК ФЕСТ

Оваа сабота, 16-ти јуни, Куманово ќе биде домаќин на СТАРА БАЊА ПИКНИК РОК ФЕСТ, уникатен настан кој е со тенденција да прерасне во една традиција која ќе биде спој на добрата рок-музика и добрата храна. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во одличната музичка понуда и вкусна храна под отворено небо.



Скопско како главен покровител на овој настан ќе се погрижи посетителите постојано да имаат на дофат ладно пиво и безалкохолни пијалаци кои ќе може да се купат на штандовите поставени на самото место.

Стара Бања Пикник Рок фестивал ќе биде едно уникатно уживање за сите возрасти овозможувајќи ви покрај добрата музика многу други забавни активности.
На самата локација ќе има Мото Собир за љубителите на мотори, Live Airbrush (маици,резервоари), Tattoo Shop, Скокачки замок, за најмладите градинки.

Сите посетители се добредојдени да донесат свои пикник масички, ќебенца и други пикник реквизити кои ќе допринесат удобно и опуштено да уживаат во целиот настан .
Бидејќи станува збор за фестивал кој како што споменавме ја спојува музиката и храната, посетителите ќе имаат голем избор, од далеку прочуените кумановски специјалитети, скара, печено прасечко, па сè до вегетеријански оброци.

За настанот да помине во најдобар ред, организаторите се погрижија тој да е покриен со професионално обезбедување, прва помош и противпожарно возило.
За перфекција на звукот ќе се погрижи професионалниот тим на BIG SOUND кој е задолжен за целото озвучување на настанот.

Музичката програма ќе започне точно во 12:00 часот со настапот на Михаела Перевска со својот бенд The Chase, која полека тргнува по стапките на нејзиниот познат татко Никола Перевски-Пере .
Потоа следуваат домаќините ЕП10 , Hideout а по нив настапува ненадминливиот Игор Џамбазов со неговиот блуз перформанс, а како негова гостинка ќе настапи Евгенија Чанчалова.
По настапот на Игор следува битолскиот состав Pumpers а веднаш по нив тетовскиот бенд High Control.
За крај , како шлаг на тортата, свои настапи ќе имаат култниот бенд D.N.O и легендарните Нокаут во полн состав.

Ве покануваме да бидете дел од Стара Бања Пикник Рок Фест и да уживате во звуците на најпопуларните македонски рок изведувачи.
Сабота, 16-ти јуни, Куманово, од 09 часот, а крајот сеуште не е утврден!
” – ни изјавија организаторите.

Бесплатен влез, рок музика и вкусна храна на тони, многу забава, се со една цел, Стара Бања и Куманово оваа сабота да ја соберат Македонија на едно место.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *