Top

Јапонски цреши за солидарност кон Јапонија. Со љубов од Македонија

Денес, среда – 30.03.2011 во 11 часот, со засадување на три јапонски цреши пред Музејот на град Скопје на кој часовникот на желеничката станица пред 48 години застанал на 5 часот и 17 минути „Ден на дрвото- засади ја својата иднина!“ сакаат да потсетат и да искажат солидарност со граѓаните на Јапонија. Во овие изминати 48 години секое известување од медиумите и снимки од голема бука, прав и урнатини, но сега и цунами- морски бранови, кај секој жител на Македонија го потсетуваат на тоа кобно јулско 26-то изгрејсонце, 1963. година, кое остави зад себе безмалку 16.000 разурнати домови, со над 1000 жртви и 200.000 илјади луѓе без покрив над главата.

Страотните снимики на 13 март, 2011 година кои од Јапонија го обиколија светот, го потсетсија Скопје на неговата историја, а мислата и погледот кон прозорецот на современото Скопје на жителите на Македонија ги потсетуваше на обновувањето на градот. Скопје со солидарност од точно 87 нации се издигнал како феникс и му останал и со гордост го носи епитетот на „Град на солидарноста“.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните. Со писмо на солидарност и сочувство во болката испратено од овој настан ќе им се обратиме на граѓаните и Владата на Јапонија.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>