Top

SCREAM MUSIC FESTIVAL Vol. 2 (Ден 2)

На 17-ти февруари Скопје повторно ќе се врати на мапата на значајни музички случувања, кога во Метрополис Арена ќе се одржи втората вечер од SCREAM MUSIC FESTIVAL Vol. 2 на која на барање на клубската публика ќе се случи журка каква што недостига изминатиов период во Македонија. Најпознатите Диџеи од електро, техно и хаус сцената Диџеј Умек, Шарам од Дип Диш, Грамофонџие и нашиот најдобар Диџеј – Никифор ќе бидат оние кои ќе го вратат сјајот на Скопје како град кој беше препознатлив по клубските журки.

Ни претставуваше предизвик оваа година SCREAM MUSIC FESTIVAL да го организираме два дена, од кои едниот ќе биде голем рок спектакл (на 11-ти февруари), а другиот незаборавен настан за сите љубители на клубските журки. После напливот на турбо – фолк концерти сигурни сме дека на 17-ти февруари скопјани и сите почитувачи на клубската сцена ќе уживаат во шестчасовниот спектакл со едни од најдобрите балкански и светски Диџеи.” – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеа.

Најдобро озвучување до сега, многу светлосни елементи и ласери, ќе бидат пропратните елементи на сетовите на диџеите кои зад себе имаат блескави кариери. Диџеј Умек беше изгласан од Beatport за најдобар техно артист, Дип Диш влегоа во центарот на вниманието на светската сцена со својот деби албум, но и со ремиксите на Мадона, Габриел, Шер итн. и сосема заслужено станаа добитници на повеќе “Греми” награди. Траката “Why don’t you” ги вивна Грамофонџие на врвот на најпопуларната топ листа – “Британскиот Топ 20″, а хитот “Бразилиан” го достигна истиот успех. Нашиот најуспешен Диџеј – Никифор е веќе добро познат во светските клубски кругови и токму затоа тој ќе биде резидент и на овој голем музички настан.

Билетите за журката на 17-ти февруари се пуштени во продажба, а нивната цена до 22-ри јануари изнесува 500 денари. Потоа, до 5-ти февруари ќе изнесува 600 денари, а последните дванаесет дена пред фестивалот билетите ќе чинат 700 денари. За оние кои ќе сакаат да го проследат настанот од галерија, цената на влезниците изнесува 800 денари. Продажната мрежа на mktickets.mk, Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата на продажба на влезниците и за овој втор настан на SCREAM MUSIC FESTIVAL.


iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *