Top

SCREAM MUSIC FESTIVAL Vol. 2 (Ден 1)

Метрополис Арена во Скопје ќе биде местото на случување на вториот по ред SCREAM MUSIC FESTIVAL, кој организаторите Нова Икс Идеа го најавуваат за 11-ти февруари.
Најголемите балкански бендови веќе го потврдија учеството на фестивалот, па затоа влезниците за овој голем рок – спектакл веќе се пуштени во продажба. Ареа, Сарс, Негатив, Електрични Оргазам, Санаториум и најголемото изненадување на фестивалот Ласт Експедишн се бендовите кои ќе ја тресат сцената на Метрополис Арена.

Чест ни е што култниот македонски бенд од деведесетите – Ласт Експедишн, својот камбек во полн и оригинален состав ќе го имаат токму на SCREAM MUSIC FESTIVAL. Ова ќе биде одлична можност за полмадата публика во живо да ги слушне антологиските Шефе, Ќељав дабар, Без мене, Тину – нину песна, Не е важно, Интервју со скитникот итн. и да го почувствуваат духот на деведесетите.” – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеа.

Цената на билетите за вториот Scream Music Festival ќе се зголемува со прогресија, па така првите десет дена ќе изнесува 400 денари, од 15-ти до 29-ти јануари 500 денари, а последните две недели пред фестивалот билетите ќе изнесуваат 600 денари. За оние кои ќе сакаат да го проследат настанот од галерија, билетите изнесуваат 800 денари. Продажната мрежа на mktickets.mk , Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата на продажба на влезниците за ова второ издание на Scream Music Festival.


iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *