Top

Саем на ЖЕНА 2012

Од 7-ми до 9-ти декември 2012 година, на Скопскиот Саем, традиционално и по трет пат ќе се одржи манифестацијата Саем на Жена. Единствената изложба и лајфстајл настан кој е посветен на жените во Македонија, годинава ќе опфати уште повеќе аспекти од животот на жените, со поголем број на учесници и многу новитети.



Овој уникатен настан оддава почит кон секој аспект од животот на жената – од личниот и семеен живот, па сè до работата, физичката активност, здравјето, убавината и уживањето, модата, домот, финансиите и претприемништвото. Саем на Жена е интерактивна платформа каде посетителите ќе уживаат во информативните изложби, предавања, дискусии и демонстрации, кои ќе им дадат на посетителите нови идеи, начини и решенија за подобрување на нивниот живот.

Овој лајфстајл настан ја слави веселата природа на жената преку големата забавна и едукативна програма, модата и екстравагантноста. Саем на Жена презентира голем број на изложувачи, неколку сцени и интерактивни штандови на кои ќе се одржуваат голем број на интересни настани.

Новитети на овогодинешниот Саем на Жена се големиот број на работилници и семинари за фризура со специјални гости од Словенија, Хрватска и Србија, големите попусти кои изложувачите ќе им ги овозможат на посетителите, игротеката за деца, каде што мајките ќе можат да ги остават своите дечиња и да се препуштат на уживање; и годинава на Саем на Жена ќе има модна работилница каде ќе ги видите младите и надежни македонски дизајнери како ги креираат своите модели, како и многу други активности кои ќе го збогатат животот на посетителите. За детални информации посетете го сајтот на Саем на Жена каде ќе бидат објавувани новитетите или пак одете на фејсбук страната.

Влезницата за Саем на Жена и годинава ќе чини 50 денари, а средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани за потребите на жените оперирани од рак на дојка. Целиот настан, повторно ќе има хуманитарен карактер, со акција на Црвен Крст во рамки на саемот за собирање на облека и храна, и со донирање на средствата од аукција на дизајнерските модели од дизајнерската работилница. Со собраните средства од Саем на Жена 2011 беа донирани 160 специјални градници (во вредност од 170.000 денари) на здружението “Борка – за секој нов ден”, кои беа наменети за жените оперирани од рак на дојка.

Ова е дефинитивно дестинацијата за зближување, информација, инспирација, забава и искуство со најсаканите брендови и личности од Македонија и регионот.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *