Top

Саем на ЖЕНА 2012

Прославете го фактот што сте жена – потсетете се зошто е добро да се биде жена… од шминка, здрава храна, мода, стил и забава со вашите пријателки.



Ќе бидете инспирирани и мотивирани од содржините на Саем на Жена. Саемот нуди разни перформанси, предавања, информативни работилници, интерактивни штандови каде можете да научите многу за вашите финансии, здравје, убавина, сексуалност и многу повеќе.

Саем на Жена е идеалното место да ги разбудите вашите сетила, да флертувате со модата, да откриете нов жар во вас, да ја откриете вашата забавна природа и да “украдете” неколку часа посветени само на вас. Вие тоа го заслужувате!

Бидете дел од годинешниот Саем на Жена од 7-ми до 9-ти декември 2012 на Скопски Саем.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *