Top

Кики Лесендриќ и Пилоти во ревијалниот дел на МАКФЕСТ 2012

Една од иконите на српскиот рок & рол звук од 80-те и 90-те, Кики Лесендриќ и групата Пилоти ќе настапат во ревијалниот дел на финалната вечер на овогодишното издание на фестивалот МАКФЕСТ кој ќе се одржи овој викенд.



Евергрините “Заборављени”, “Као птица на мом длану”, “Свет је леп када сањамо”, “Баракуда”, “Лето” итн, во недела ќе одекнат во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип и ќе ја потсетат макфестовската публика на старите добри времиња кога се уживаше во специфичната боја на гласот на Кики Лесендриќ.

Ревијалниот дел на Макфест отсекогаш привлекувал големо внимание кај публиката па затоа и оваа година ќе и овозможиме да ужива во шоуто на голема ѕвезда од овие простори. Познавајќи ја историјата и квалитетот на Макфест како една од најголемите музички манифестации во Македонија, легендарниот Кики Лесендриќ и групата Пилоти со задоволство прифатија да настапат во ревијалниот дел во недела, пред прогласувањето на победниците на 27-то издание на фестивалот.” – изјавуваат организаторите.

Фествалот кој оваа година се одржува под мотото “Почувствувај го ритамот” ќе започне во 21 часот, а директен пренос ќе врши националната Македонска Телевизија.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>