Top

Интернационален ден на борбата против хомофобија и трансфобија

По повод Интернационалниот ден на борба против хомофобијата и трансфобијата, Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” организира проекција на филм и дискусија во клубот ГЕМ, на 17.05.2012 (четврток), со почеток од 19:30 часот.



“Bent” е адаптирана филмска верзија на претставата на Мартин Шерман, во режија на Шон Матијас. Филмот претставува ингениозен приказ за прогонот на хомосексуалците во нацистичка Германија инкорпорирајќи вознемирувачка приказна за насилството, отпорот, љубовта и идентитетот.

Филмската прокција ќе биде проследена со дискусија на тема: “Национализмот, (биополитиката) и хомосексуалноста”. Гости на дискусијата ќе бидат: Проф. Љубомир Фрчкоски, Артан Садику и Велимир Жерновски.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *