Top

Новитети на МАКФЕСТ 2012

Останаа уште неколку празни места за нови композиции кои ќе бидат изведени на овогодишното 27-мо издание на фестивалот на забавни мелодии МАКФЕСТ, кој оваа година ќе се одржи на 11-ти, 12-ти и 13-ти октомври. Композиторите и дебитантите кои сакаат со своја нумера или настап да земат учество на фестивалот можат до крајот на месецов да се пријават на официјалната e-mail адреса info@makfest.com.



Изборот на нов уметнички директор беше само најава за новите содржини на МАКФЕСТ 2012 кои ги спроведуваат организаторите.

Песните кои ќе бидат изведени на овогодишното издание на Макфест ќе бидат објавени на официјалниот сајт на фестивалот makfest.com веќе од средината на месец јули. Новоста која што ја воведуваме од оваа година е преслушување на рефрените на радио станиците и телевизиите ширум Македонија, кои се медиумски покровители на фестивалот. Со тоа, гледачите и слушателите ќе можат делумно да изберат свој фаворит за кој ќе можат да гласаат во деновите на одржување на фестивалот.” – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеја.

Покрај телевизискиот, оваа година фестивалот ќе има и радио пренос на една од националните мрежи. Во септември, на Канал 5 телевизија на која ќе се врши и директниот пренос на Макфест, ќе започне специјална емисија посветена на фестивалот на која што ќе се промовираат овогодишните учесници. Со тоа им се дава можност на дебитантите, но и на популарните изведувачи да ги придобијат гласовите од публиката која потоа ќе ја одбере најдобрата песна на Макфест 2012.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *