Top

Претставата “Мрзливата жена и метлата” во изведба на лицата со ментален хендикеп

Денес, 25-јуни 2012 година, во кино Фросина (МКЦ) ќе биде изведена претставата “Мрзливата жена и метлата“. Главни актери ќе бидат лица со ментален хендикеп. Стартот на претставата е закажан за 19 часот.



Оваа претстава е типичен начин на кој Македоскиот народ низ својот хумор и досетливост успеал да го прикаже осамениот живот на Петко, но и несекојдневните пресврти со кој се соочува со доаѓањето на неговата нова жена. Проблемите имаат карактер на мрзливост, а начинот на кој Петко се справува со нив е повеќе од интересен.

Со свеж и разигран дух, актерската екипа е составена од лица со попреченост во менталниот развој, корисници на услугите на Центар за помош на лица со ментален хендикеп “ПОРАКА НЕГОТИНО” – Неготино заедно со студенти и ученици, кои нестрпливо чекаат да се качат на сцената и на свој начин да Ви ја претстават.

Ваквиот начин на непосредно вклучување на лица со попреченост во менталниот развој во активности од областа на културата придонесува многу во нивниот личен развој, подигање на степенот на нивната самодоверба и самопочит и нивното повисоко ниво на чувство на достоинство. Од друга страна, преку реализацијата на ваков вид театарски претстави, пошироката заедница и граѓаните имаат можност да ги видат нивните потенцијали и капацитети, а со тоа да се влијае врз подигање на јавната свест дека и лицата со попреченост во менталниот развој се дел од заедницата и заслужуваат еднакви можности.
Драматизацијата за претставата е преземена од книгата на Шенка Колозова “Народни приказни – драматизации” и е прилагодена според можностите на корисниците од “ПОРАКА НЕГОТИНО”.

Составена од осум чина, претставата дава слика за животот и проблемите со кои човекот се соочува во секојдневието, исполнето со мисли, чувства и страдање, се обработува трпението и лукавоста на Петко, неговата верба, љубов и надеж.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>