Top

Градот под Исарот блесна: МАКФЕСТ 2011 стартува утре

Сè е подготвено за стартот на 26-тото издание на фестивалот на забавни мелодии МАКФЕСТ кој ќе стартува утре (13-ти октомври) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.
Сцената за ова фестивалско издание е веќе поставена и истата ќе изобилува со најмногу светло досега, LED екран од 100 квадратни метри, а песните ќе доживеат мултимедијална изведба (синхронизирано аудио и видео). Новиот бекстејџ за изведувачите е поставен на паркингот позади Домот на култура, а подготвен е и реновираниот прес-центар за претставниците на медиумите.
Честа да го отворат овогодишното издание на МАКФЕСТ им припадна на студентите од оркестарот на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ и учениците од средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип.
Нови 38 композиции ќе бидат изведени на двете полуфинални вечери кои ќе се одржат во четврток и петок, меѓу кои се и неколку дуети на наши артисти со странски изведувачи кои ќе пеат на македонски јазик. Финалната вечер во која ќе влезат 20 композиции ќе се одржи во сабота.
Фестивалот и оваа година ќе го емитува националната Канал 5 ТВ. Полуфиналната вечер ќе започне во 22 часот, а финалната во 21 часот.

Списокот на изведувачи можете да го погледнете тука.


iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *