Top

Презентација на најновата колекција на LUDUS LOVES FASHION

Со огромно задоволство тимот на LUDUS и фестивалот на креативни индустрии ”Скопје Креатива” Ве покануваат на претставувањето на новата колекција на Ludus Loves Fashion. Концептуално поставена, таа ќе може да се види во текот на целиот ден (15.06.2012, петок), а официјалната презентација ќе започне во 18 часот во иглото во Градскиот Парк во Скопје.



Избегнувајќи конвeнционалните модни презентации, Ludus го одбра првото издание на фестивалот “Скопје Креатива”, каде во трите денa на одржување (14-16ти јуни) акцент се става на новата дизајнерска сила во Македонија од сите креативни сектори. “Скопје креатива” е фестивал за креaтивни индустрии кој се организира за прв пат оваа година, во главниот град на Македонија, а има една единствена цел: поттикнување и развој на културно-креативната индустрија во Скопје и Македонија.

СОЛЗИ” е насловот на најновиот проект на македонската модна етикета LUDUS LOVES FASHION.
Директно инспирирани од стих на Ален Гинсберг, петте парчиња имаат за цел јавно да проговорат за солзите како табу во денешното западно општество. Изработени од транспарентна бела свила и монистра, креациите директно наведуваат на чистината на солзата, на плачот како едно од најинтензивните човечеки емоции, што повторно е основа за концептуална разработка на Ludus.

Колекцијата беше прикажана за првпат на почетокот на месецов на модниот настан Радар во Мaрибор, европска престолнина на културата за 2012-та година.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *