Top

Голем концерт на Нокаут во Битола

На 11-ти јули НОКАУТ Ве предизвикуваат на ракометното игралиште во градот на конзулите, вака стои во најавата на големиот концерт кој ќе се случи во Битола во рамките на годинешното издание на Бит Фест, само четири дена после настапот на Нокаут на концертот на култните Duran Duran на Скопското кале.



Ги очекуваме сите битолчани, па и оние од околните места на 11-ти јули да дојдат на нашиот концерт, бидејќи знаеме дека Битола е град кој ја цени музиката и затоа заслужува добра и квалитетна музика. Нема да Ви ветуваме ништо повеќе освен едно уникатно музичко патешествие, кое барем за миг ќе Ве ослободи од секојдневието.” – ни изјавија членовите на Нокаут.

По одличните настапи на групата Нокаут во полн состав на првиот Стара Бања Пикник Рок Фест, како и прекрасниот концерт пред повеќе од 2.000 нивни фанови во прилепскиот Калипсо и настапот на Скопското кале на големиот концерт на Duran Duran, членовите на групата Нокаут најавуваат уште поголема “офанзива” на Македонија со големите концерти кои следуваат ова лето.

Од Горила продукција не информираат дека влезниците за концертот во Битола се во продажба во сите Tobacco и Together салони низ Македонија, по цена од 150 денари.

Фото: 10bez10.com

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>