Top

Интернационален фестивал на храна и пијалак: ГУРМАН 2012

Храната, исто како и љубовта, зазема централно место во нашите животи. “ГУРМАН” е интернационален фестивал на Балканот кој ја слави љубовта кон храната и пијалакот.

Четири дена исполнети со неодоливите ноти на добро вино, возбуда, вкусна храна, забава, награди и многу изненадувања.

Денови каде што ќе можете целосно да се опуштите и да уживате со сите ваши сетила заедно со традиционалните македонски и интернационални кујни, готвење во живо со познати личности, часови по готвење, богата музичка програма, забавна програма за најмладите, едукативни предавања од областа на нутрицизмот и здравата храна, дегустации, натпревар во брзо јадење и уште многу други забавни и едукативни содржини.

Забавата не познава граници!” – оваа година ви нудиме незаборавна забава која ќе трае се до 1 часот по полноќ.

Не пропуштајте ја можноста да ја разбудите возбудата во себе, бидете дел од мајската “врела” забава на “ГУРМАН 2012″ на 17-20 Мај, Плоштад Македонија, Скопје.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *