Top

Флеш Моб во Скопје организиран од младинската организација “креАКТИВ”

На 10-ти декември 2011-та година, младинската организација “креАКТИВ” организираше мошне несекојдневен настан на плоштадот “Македонија” и во ВЕРО Центарот во Скопје. Се работи за т.н. ФЛЕШ МОБ настан кој се организира насекаде низ светот на јавни површни како плоштади, трговски центри, улици и сл. Се игра една препознатлива кореографија на песната “Beat it” од Мајкл Џексон и тоа насекаде низ светот со истите чекори. Овој настан го карактеризира масовноста на учесниците кои навидум случајно се наоѓаат на местото, како случајни минувачи, а потоа спонтано дел по дел се приклучуваат на толпата и со тоа привлекуваат големо внимание на останатите луѓе кои се нашле во тоа време на тоа место. Повеќето од Флеш Мобовите имаат цел заради која се организираат.



Идејата на младите од “креАКТИВ” беше на еден симболичен начин да се обележи неделата на волонтеризам кога се организираат многу волонтерски настани и акции, а по повод Меѓународниот ден на волонтерство (5-ти декември).

Сите млади луѓе кои се вклучија (вкупно 130), од Скопје, Куманово, Кавадарци и Битола, ја вежбаа кореографијата цел месец, одржувајќи проби неколку пати во неделата. Младите од Скопје вежбаа во салата кај основното училиште “Невена Георгиева – Дуња” во Кисела Вода.

Огромна благодарност до координаторите Христијан Проданов и Весна Ѓурковска кои им помогнаа на сите млади полесно да ја совладаат кореографијата. Благодарност и до Агенцијата за млади и спорт, општината Кисела Вода, ВЕРО Центарот, Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово кој беше партнер од каде имаше учесници и кој се погрижи за озвучувањето на настанот.” – додаваат од “креАКТИВ”.

iLike.mk поддржува интересни настани и случувања организирани од младински и невладини организации, како и самостојни уметници. Најавите за истите ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>