Top

ДНК најавуваат анплагд концерт

Со интересна фотесесија Р&Б дуото ДНК ја започна кампањата за претстојниот анплагд концерт кој што ќе го одржат на 29-ти септември во Универзалната Сала во Скопје.



Не сме топ модели, но затоа сме момци кои шират позитивни вибрации, па овој пат преку наши интересни движења и моменти фатени од објективот на Владимир Ивановски Дади, ја пренесуваме енергијата која ја имаме носејќи ги моделите на Пума и Џек енд Џоунс. Фотосесијата е само почеток на кампањата за тричасовното акустичното доживување кое ќе го има нашата публика на 29-ти септември во Универзалната Сала.” – изјавуваат Панчо и Андреја.

Сосема нова димензија на најголемите хитови на ДНК, во најпредизвикувачката форма за Р&Б звукот-анплагд, е она што ги очекува присутните на концертот во Универзална. После преполната Метрополис Арена од минатогодишниот концерт, момците најавуваат единствено и неповторливо концертно уживање преку нивниот и перформансот на специјалните гости на хитовите кои заслужуваат да имаат уште еден, овој пат акустичен аранжман.

Влезниците за концертот кој што ќе започне во 21 часот ќе бидат пуштени во продажба од 29-ти август по цена од 200 денари во Југотон, цвеќарница Розе Веро 2, Камарад Рамстор, Тобако Тугедер салоните и на касата на Универзална сала. На врата, пред самиот настан ќе изнесуваат 300 денари.

Организатор на концертот е План Б Продукција.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *