Top

Coachella Valley, фестивал на музиката и уметноста

Почнувајќи од 1993 година, секоја година илјадници млади луѓе се собираат на едно место, во местото Индио во Калифорнија, каде се одржува еден од најпопуларните фестивали последните неколку години. Coachella Valley три деноноќија ги забавува посетителите кои доаѓаат од разни страни на Америка, па и светот, со огромна желба за музика, уметност, слобода на духот, мислата и личното изразување. Под организационата палка на компанијата АЕГ (компанија која е втора во светот по успешноста во организирање јавни настани), спектаклот секоја година е се поголем и се помасовен. Низ годините бројни ѕвезди бележат настапи во “долината” – Принс, Рејдиохед, Оејзис, Џеј-Зи, Продиџи, Бисти Бојс, Кање Вест, Горилаз, Бјорк, Мадона и многу други.



Оваа година за прв пат тридневната забава беше поделена во два викенди: 13-15 април и 20-22 април, а ѕвезди на затворањето беа Д-р Дре и Снуп Дог. Почувствувајте ја и вие енергијата низ прекрасната фотогалерија направена од Coachella Valley Music and Art Festival во соработка со брендот H&M.

Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *