Top

„Тик-так“ – Нов сингл на Слаткаристика и Криско

Слаткаристика промовираше нов сингл насловен како „Тик-так“. Гостин на темата e Криско (истакнат артист и автор од соседна Бугарија), кој за прв пат соработува со македонски артист.

Спотот е работен во продукција на „Иноватива Груп“, a во реализација на „Флукс продукција“. Текстот на песната е на Слаткаристика, а музиката и аранжманот ги изработиja Иван и Јован Јованови.

Новиот видео запис за песната „Тик-так“ само по неколку часа од премиерното пуштањето на јутјуб ги преплави социјалните мрежи, a публиката од Македонија и Балканот веднаш го прифати новиот проект на Слаткаристика заедно со Криско.

Уживајте!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *