Оваа година Шведска последна избраше песна која ќе ја претставува на „Евровизја 2015“. После неколкумесечни претселективни избори, конечен победник е младиот Манс Зелмерлов со темата „Heroes“.
28-годишниот пејач ја воодушеви публиката со својата модерна песна, како и со фантастичниот визуелнен перформанс. А, токму неговиот настап стана вирален хит благодарение на социјалните мрежи и веднаш се вброи како фаворит за победа на претсојната „Евровизија“, која ќе се одржи во Виена, Аврстија.
Ова е официјалниот видео спот на евровизиската „Heroes“, издаден под етикетата на „Warner Music“.
Инаку, Шведска досега има победено пет пати на „Евровизија“. Во 1974 година ABBA со „Waterloo“, 1984 Herreys со „Diggi-loo diggi-ley“, во 1991 Карола со „Fångad av en stormvind“, во 1999 Шарлот Нилсен со „Take me to your heaven“ и во 2012 година Лорин со „Euphoria“.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!