Top
Ne-sum-tvoj-tip-duper-RMX-iLike-mk

Роберт Билбилов со моќен ремикс на хитот „Не сум твој тип“ на Дупер

Бендот Дупер, кој го сочинуваат Илчо Нечовски (вокал и бас-гитара), Мартина Баракоска (тапани) и Борис Какуринов (гитара и клавир), инстантно ја освои македонската публика уште со првиот сингл насловен како „Не сум твој тип“.

Хитмејкерот Роберт Билбилов објави одличен ремикс на популарната песна, поткрепен со видео клип кој го изработи Зоран Зонде Стојановски.
„Од толку слушање песнава земав ремикс ѝ направив. Дупер дечки, ваш фан уште од сам старт!“ – напиша тој на фејсбук.

За потсетување, оригиналната верзија на „Не сум твој тип“ звучи вака:




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *