Top

„Пабло“ е новиот хит на Тајзи

Нашиот познат пејач Тајзи не престанува да нè изненадува со нова музика и одлични спотови. Како што веќе најави, тој неуморно работи на повеќе проекти и песни на македонски, англиски и српски јазик. Една од нив е токму темата „Пабло“ која од денес е пуштена во етер.

Александар Фјаза, кој е роден и живее во Шведска, е продуцент и аранжер, а музиката и текстот се на Тајзи. Миксот и мастерот ги потпишува Роберт Билбилов, а спотот е објавен од Балкатон продукција под режисерската палка на Даниел Јовески.

Спотот е навистина со холивудски сцени. Колумбија во мало и нешто што навистина ретко се гледа на овие простори. Колумбиски картели, згодни девојки, аеродроми, сиромашни гета, ретро автомобили, оружје, карактеристичен стајлинг и многу статисти.

Tajzi-iLike-mk-2

За „Пабло“ Тајзи вели:

Ова дело има една силна порака за системот, луѓето и општеството во кое што живееме. Човекот е алчен и го поминува животот робувајќи за сè поголема доминација и моќ, за сè поголемо материјално богатство додека секојдневно до себе гледа и гази луѓе кои се мачат како да се прехранат секој нареден ден. И така сите заедно сочинуваме општество на модерни робови предводени од некои Пабловци на кои ич не им чуе за нас…
Ироничен приказ на голема маса на народ што живее во заблуда. Желба за докажување, конкуренција, доминација, кокаин, моети, скапи брендови, црвени теписи, луксузни коли, испревртени вредности како и целиот бран од трендсетери, инфлуенсери, блогери, фејк медиуми, сапуници, политики и ред други западњачки перални за мозок…
Заедно со моите браќа Александар, Даниел, Роберт, Балкатон, Кирил и целиот картел ви посакуваме да уживате и да се посмеете во наредниве 4 минути и 20 секунди.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>