Top

Антониа Гиговска со видео за победничката песна од „Макфест“

Дефинитивно младата пејачка Антониа Гиговска оваа година ќе ја памети како една од најдобрите за неа. По учеството на меѓународниот фестивал во Брешов, Романија, каде го освои второто место, таа пред неколку дена во свои раце ја однесе и победата на 33-то издание на „Макфест“.

Никогаш не вели никогаш“ беше песната која ги освои највисоките бодови од стручната жири-комисија, како и публиката во Штип.

Како и на претходните, така и на оваа како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, кои важат за едни од најголемите хитмејкери во нашата земја.

Младата Антониа вели:

Уште кога за првпат ја слушнав песната знаев дека е за на „Макфест“ и бев убедена дека ќе освои награда. Лазе и Магдалена уште еднаш си ја завршија својата работа како што треба и навистина сум пресреќна. Оваа 2018 година ќе ја паметам само по убави работи.

Инаку за победничката песна беше снимен и видеоспот, каде покрај Антониа се појавува и моделот Павле Николов, а режисер на истиот е веќе докажаниот Даниел Јовески.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *