Top
DNK_Nevozmozhna_misija_iLike_mk

DNK со „Невозможна мисија“

Невозможна мисија“ е нова песна на дуото „DNK“, авторско дело на веќе проверената екипа – Панчо и Лазар Цветкоски, додека видеото е во реализација на Даниел Јовески, со кого на Панчо и Андреј ова им е прва соработка.

Сцените во видеото се снимани на неколку интересни локации во Охрид и во неговата околина. Приказната, пак, е битка за љубовта на убавата девојка, која ја бијат сиромавиот селанец (Панчо) и богатиот бизнисмен (Андреј). Селанецот кој безрезервно се вљубува во девојката решава да ја продаде својата нива, единствениот извор на средства за егзистенција, само за да купи ексклузивен автомобил Исузу Ди макс со кој би ја фасцинирал. И откако ќе се реши на овој чекор само за да го освои срцето на својата љубена, се случува пресврт…

Панчо за новиот проект изјави:

Мислам дека имаме одлична песна и спот задоволни сме од тоа како излезе сè, а особено од Даниел со кого ова нѝ е прва соработка. Искрено веруваме дека целиот пакет ќе и се допадне и на нашата публика.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *