Top

Лозано го промовираше видеото за прекрасната балада „Надеж“

Поп-пејачот Влатко Лозаноски денес го промовира новиот спот за баладата „Надеж“. Тој првпат сними видео во кој е во малку послободно издание, па ги изненади своите обожаватели. Лозано во спотот ја гушка, бакнува и соблекува манекенката Билјана Шкортова, која ја има главната женска улога во видеото. Тој доби пофалби за песната, но и комплименти за видеото.

Баладата „Надеж“ ја напишаа Лазар и Магдалена Цветкоски, а спотот го изработи „Веста продукција“. Новата песна е дел од третиот албум на Лозано „Десет“, на кој ќе се најдат и „Километри“, „Јако, Јако“, „Камо тебе да те имам“, „Мандарина“, „Жена како ти“, „Како тебе нема друга“, „Пред да се раздени“ и „Бонбона“.

За новата песна Лозано вели:

Надеж е песна во која многу верувам и знам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Песната и спотот се снимени уште на почетокот на годината, го имам истиот имиџ како и на „Километри”. Со мојот тим решивме дека сега е одлично време да ги почестиме љубителите на македонска музика со оваа балада.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *