Панк составот „PKN“ победи на националниот избор на песна за Евровизија во Финска. Во „Pertti Kurikan Nimipäivät“, како што е целосното име на бендот, членуваат четворица музичари со Даунов синдром и аутизам.
Панкерите ќе настапат на големата евровизиска сцена со темата „Aina mun pitää“ (или „Always I Have To“), и истате веднаш се издвоија како фаворити за победа на овогодинешната „Евровизија“.
Бендот е оформен во 2009 година, досега има издадено 2 студиски албуми, а во 2012 година бил дел од документарниот филм „The Punk Syndrome“, кој е посветен на животот на лицата со хендикеп.
Инаку, „Евровизија 2015“ ќе се одржи во мај во Виена, Австрија.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!