По успешната соработка со Кристина Арнаудова, Ај Кју изненадуваат со сосема поинаков звук во нивната најнова песна „Колку пати“.
Автор на музиката и аранжманот е Бојан Трајковски, кој ги напиша и стиховите заедно со Леана Таки. Исто така, Трајковски ја снимаше и продуцираше песната во студиото „Music House“, а видео записот го сними тимот на Горила Филм.
Ај Кју се надеваат дека емотивната приказна на „Колку пати“ ќе стане нивен следен хит.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!