Како загревање за претстојниот славенички концерт, кој ќе се одржи на 23-ти ноември во СРЦ Кале, Нокаут вчера го претставија најновиот сингл, кој претставува најава за нивниот 4 студиски албум. Станува збор за темата насловена како „Кога ме сакаш ти“, чиј автор на музиката е Дарко Димитров, а стиховите се на Огнен Неделковски, со кого бендот соработува за првпат, додека аранжманот е дело на Дарко и Никола Перевски – Пере.
Видеото за оваа тема го сработи Александар Ристовски – Принц.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!